Search

Совет на амбасадори: Рано е за изборна кампања, таа треба да престане

Здружението за меѓународна политика ,,Совет на амбасадори” смета дека е прерано започната
кампањата за вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 12-ти април, 2020
година и апелира без понатамошно одложување таа да престане.

„Одржувањето на секојдневни митинзи и говори на лидерите на политичките партии во овој
период, може да придонесе кон зголемување на политичката конфронтација во општеството и
дополнително да ги продлабочи општествените поделби“, се вели во соопштението.

Оттаму Советот на амбасадори смета дека партиите треба да престанат со одржувањето
митинзи и говори се до официјалниот почеток на изборната кампања, во март следната година.
Политичките партии и лидери треба својата енергија во овој период да ја насочат кон
спроведување на потребните реформи за осварување на стратешките цели на земјата, како што
се членството во НАТО и добивањето датум за започнување преговори за членство во ЕУ.

Советот на амбасадори смета дека е време ефективно да се искористи подршката од САД и од
земјите-членки на ЕУ за интензивирање на реформите и соработката со соседите, со цел веднаш
по добивањето датум за започнување на преговорите за членство во ЕУ да се затвораат
поглавјата со што побрза динамика

Треба да знаете
Последни објави