Search

Советот на Општина Центар ќе одлучува за барањата на пазарџиите од Зелен пазар

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, вчера имаа средба со пазарџиите од „Зелен Пазар“. На средбата присуствуваа претставници од трговците кои ги соопштија проблемите со кои се соочуваат со нелегалните продавачи на стока и роба на паркингот со кој стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, како и со новите измени во поскапување на цените за паркирање на територијата на Општина Центар.

Двете страни постигнаа договор за надминување на разликите, кои изминатиов период манифестираа со неколкудневен штрајк од страна на пазарџиите.

„Приоритет ни се граѓаните кои живеат тука. Подготвени сме да најдеме решение и не сакаме никого да оштетиме, туку напротив, сакаме да воведеме ред. Доставете ги писмено Вашите барања во архивата на општината, како би можел да ги разгледам и да ги предложам на следната седница на Совет на Општина Центар“ изјави градоначалникот Богдановиќ.

Тој рече дека ќе ги предложи барањата на пазарџиите на наредната седница на Советот на Општина Центар, каде за нивните барања ќе одлучуваат советниците на општината.

Треба да знаете
Последни објави