Search

Советот на Европа ја откажа набљудувачката мисија на изборите во Албанија

Советот на Европа ја откажа својата набљудувачка мисија за локалните избори во Албанија, поради безбедносни закани и нејаснотии во врска со организирањето на изборите

Се работи за мисија на набљудувачи, кои треба да го следат изборниот процес на 30 јуни, на кои албанската опозиција нема да учествува, а шефот на албанската држава, Илир Мета, пред две недели донесе одлука за нивно одлагање, поради длабока политичка криза.

„Одлуката, во согласност со правилата, поради постојаната несигурност во врска со организирањето на локалните избори во Албанија на 30 јуни и поради можни безбедносни ризици во одредени области“ се наведува во електронската порака до медиумите.

Треба да знаете
Последни објави