Search

Советот на Европа побара од Албанија да ја зајакне борбата против перењето пари

Советот на Европа ја повика Албанија да ги интензивира напорите во борбата против перењето пари и да го конфискува имотот стекнат од организиран криминал.

Преку посебен извештај подготвен од Комитетот за спречување на перење пари  Советот на Европа ја подредува Албанија на списокот на земји со темелен надзор за перење пари.

– Корупцијата претставува висок ризик за перење пари во Албанија, што е често е поврзан со организираниот криминал. Албанските власти се свесни за овој ризик, но досега, спроведувањето на законот дал ограничено внимание на таргетирањето пари стекнати од корупција, се наведува во извештајот.

Институцијата која ја координира борбата против перењето пари во Албанија е Генералната дирекција за спречување на перење пари.

Според извештајот ова дирекција користи различни извори на информации, врз основа на кои се спроведуваат многу истраги за перење пари. Но, овие истраги даваат малку конкретни резултати поради лошата работа на судството.

– Истрагите, ретко резултираат со кривично гонење или конфискација на имотот стекнат од кривични дело и често се запираат од страна на обвинителството, се посочува во извештајот.

Според официјалните податоци, во последните пет години, средствата конфискувани од криминални активности бележат значителен пораст.

Сепак, според извештајот конфискуваниот имот од страна на Владата не е пропорционален со нивото на криминал во земјата. Затоа, Советот на Европа ја повика албанската влада да ја зајакне борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот.

Треба да знаете
Последни објави