Search

Советот на Европа ги повикува земјите членки подобро да ја учат историјата на Ромите

Советот на Европа, по првпат ги повика своите земји-членки подобро да ја интегрираат историјата на Ромите во наставните програми, јави дописникот на МИА.

Препораката, усвоена од Комитетот на министри, тело кое ги претставува министрите за надворешни работи на пан-европската организација, „по првпат ги повикува земјите-членки” да ја интегрираат историјата на Ромите во програмите и воспитните материјали”, се вели во соопштението за медиумите на Советот, кој повикува на борба против „постојаниот анти-циганизам”во Европа.

Оваа препорака „има за цел да го зајакне разбирањето на фактот „дека Ромите се составен дел на националното и европското општеството” и ја потенцира „важноста на наставата за холокаустот извршен од Нацистите и нивните сојузници и други акти извршени против нив (ширум Европа) “.

Текстот на резолуцијата ги повикува државите да ги интегрираат „комеморативните активности” поврзани со Европскиот ден на комеморацијата на холокаустот на Ромите, закажан за 2 август, или со избирање „датум што одговара подобро на историскиот контекст на засегнатата земја, на пример за време на локалните комеморации поврзани со затворањето или депортацијата на Ромите во концентрационите логори “.

Комитетот на министри исто така смета дека е важно да се вклучат „позитивни приказни од историјата” на Ромите, како нивниот „придонес во локалното, националното и европското културно наследство” или нивната „активна улога (.. .) во антинацистичките и антифашистичките движења на отпорот “.

Покрај шестте милиони Евреи истребени од нацистите за време на Втората светска војна, Хитлеровиот рајх ја резервираше истата судбина за приближно 500.000 припадници на етничките заедници наречени Роми, Синти или Цигани. Втори август беше прогласен за ден за одбележување на нивниот холокауст. Дваесет и три илјади Роми од цела Европа беа депортирани во Аушвиц-Биркенау помеѓу март 1943 и јули 1944 година. Речиси сите умреа таму.

Треба да знаете
Последни објави