Search

Советот на безбедност на ОН одобри резолуција против сексуалното насилство

Советот за безбедност на Обединетите нации одобри умерена резолуција за борба против сексуалното насилство во конфликтните зони.

На синоќешното гласање 13 држави се изјаснија „за”, додека Русија и Кина беа воздржани бидејќи имаа поднесено свои резолуции.

САД за да гласаат за резолуцијата бараа од текстот, предложен од Германија, да се отстрани пасусот што се однесува на нужноста за обезбедување на помош на жртвите на сексуално насилство, вклучително и „сексуална и репродуктивна здравствена нега”.

Велика Британија, Белгија и Јужна Африка изразија жалење поради исфрлувањето на наведениот дел од текстот на резолуцијата.

Во резолуцијата се истакнува загриженоста на СБ поради „бавниот напредок” во елиминацијата на сексуалното насилство во воените зони ширум светот, како и оти таквите дела често не се казнуваат, како и барањето жртвите да имаат подобар пристап до правосудните органи.

Од резолуцијата отстранета е и позитивната нота за работата на Меѓународниот кривичен суд за прашањето за гонење на сторителите на сексуално насилство.

Треба да знаете
Последни објави