Search

Советот за безбедност на ОН му го продолжи мандатот на Серж Брамерц

 Советот за безбедност на Обединетите нации му даде нов мандат на Серж Брамерц како обвинител на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови.

Одлуката на Советот за безбедноста на ОН стапува на сила на 1 јули, а мандатот ќе трае до 30 јуни 2022 година, пренесува агенцијата Анадолија.

Брамерц е обвинител во Механизмот од 1 март 2016 година, а претходно беше обвинител во Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКТЈ), поточно од 1 јануари 2008 година до неговото затворање кон крајот на 2017 година.

Советот за безбедност го доврши прегледот за напредокот на работата на Механизмот од последната ревизија во јуни 2018 година, поздравувајќи го извештајот на Механизмот во посочениот период.

Треба да знаете
Последни објави