Search

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Вчера го преживеавме невремето и тоа е помала грижа во споредба елементарната непогода викана Шилегов и Заев

Петре Шилегов наместо да води евиденција кој кров во чие време е изграден, нека засука ракавите и нека го среди хаосот во кој ги остави Скопјани дваесетина часа по невремето.

Шилегов наместо да биде градски матичар на фасади и кровови, нека биде градски татко кој ќе почне да работи.

Оштетени се повеќе кровни конструкции, меѓу кој и на повеќе средни училишта под надлежност на Градот Скопје. Три години се апсолутна власт и немаат никакво оправдување за својата неработа, но и за политиканството за некакво барање одговорност пред три години.

Тоа е признание дека ништо не сработиле овие три години.

Скопје вчера го преживеа невремето и тоа е помала грижа во споредба елементарната непогода викана Петре Шилегов и Зоран Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави