Search

Советничката на Трамп во посета на Москва

Руските и американските претседателски советници Јуриј Ушаков и Фиона Хил разговараа во врска со билатералните прашања, потврди денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Имаше средба во претседателската администрација, со Ушаков”, рече Песков одговарајќи на прашањето дали Фиона Хил се сретна со некој претставник на Кремљ, според ТАСС.

Советниците на двајцата лидери разговараа за билатералните односи.

Песков негативно одговори на прашањето дали е разговарано за можна средба меѓу претседателот Владимир Путин и Доналд Трамп.

Треба да знаете
Последни објави