Search

Советник на Салвини под истрага за наводна корупција

Италијанските обвинители отвориjа истрага за наводите за корупција против министерот за транспорт, кој е и советник за економија на вицепремиерот Матео Салвини, изјавија судските извори во четвртокот.

Армандо Сири, истакнат член на десничарската партија, е осомничен од страна на обвинителите за земање мито за да им помогне на компаниите кои работат во секторот за обновлива енергија, изјавија изворите.

Партијата ја потврди истрагата.

„Имаме целосна доверба во Армандо Сири. Се надеваме дека истрагата ќе биде брза“, се вели во соопштението на партијата.

Истрагата е предводена од обвинители во Рим и Палермо и се однесува на Сири и девет други лица.

Сири е гласен поддржувач на намалувања на даноците кои скапо ја чинат државата, а кои се дел од коалицискиот пакт меѓу неговата партија и движењето против естаблишментот.

Треба да знаете
Последни објави