Search

Советник на НАСА задолжен за стратегија за слетување на Месечината поднесе оставка

Специјалниот советник на директорот на американската вселенска агенција НАСА, Марк Сиранџело, задолжен за новата стратегија за слетување на Месечината до 2024 година, поднесе оставка поради внатрешните конфликти и лошата поддршка од Конгресот.

Директорот на НАСА, Џим Брајденстин потврди дека Сиранџело, кој беше назначен за советник пред шест недели, поднел оставка поради тоа што НАСА се откажала од планот за реорганизација и поради недостаток на поддршка во Конгресот.

Новата мисија е наречена „Артемис”.

Според два анонимни извора, Сиранџело поднел оставка откако конгресмените одбиле да и дозволат на НАСА да формира специјална дирекција задолжена за надгледување на идните мисии на Месечината и подготовка на план за истражување на Марс.

Треба да знаете
Последни објави