Search

Советникот на Чулев во одбрана на Мицкоски: Јас побарав да ја отворат винаријата

Љупчо Андоновски, советник на министерот Наќе Чулев, кој го придружуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кафеаната на Боемска улица денеска даде исказ во полициската станица Центар.

Таму требаше да дојде и Мицкоски, но наместо него, дојде неговата адвокатка.

Андоновски пред медиумите го правдаше Мицкоски, велејќи дека тој договорил со газдите на
кафеаната да седнат во затворениот дел на објектот, иако тоа беше забрането со уредба донесена од Владата.

-Дадов исказ пред колегите, им објаснив како беше настанот. Жал ми е што толкаво медиумско внимание предизвика овој настан. Има многу позначајни работи кои се случуваат во државава, но за жал, интересно им беше дека сум бил на ручек со Мицксоки. Јас се договорив со еден од сопствениците, бидејќи не работеше винаријата, го замолив дали може да отвори да седнеме со еден пријател, тој не знаеше кој е. Откако отидовме таму, кога виде дека е дојден Христијан Мицкоски, сопственикот не послужи со пијалок, седнавме и поразговаравме околу час, час и половина. Потоа, тој ја напушти винаријата, по него јас, рече Андоновски.

Тој пред медиумите додаде дека не ги попречувале инспекторите да влезат во затворениот дел од објектот, што е спротивно на тврдењето од Пазарниот инспекторат.

-После нас газдата ја напушти винаријата и си замина, за да од средствата за масовна комуникација, од вас медиумите разберам дека сме биле ние таму во винаријата, дека сме попречувале да влезат инспекторите на трудова инспекција, дека директорот Сашо Тасевски повикал и ЕБР, тука се нашол и началникот на Интерветна полиција, Примислав Димовски, па наводно сме криеле камери, ресивери, што апсолутно го отфрлам. Јавниот обвинител побарал известување преку МВР да го расчистат овој случај. Ја користам оваа прилика да им кажам да го погледнат членот 3 од КЗ на Македонија кој гласи дека на секој сторител на кривично дело ќе му се суди според кривичното дело кое е пропишано во тој момент. Во меѓувреме, доколку се измени еднаш или двапати тој закон, тогаш ќе се примени законот кој е поповолен за сторителот, додаде Андоновски.

Треба да знаете
Последни објави