Search

Советникот на саудискиот принц не е меѓу обвинетите за убиството на Кашоги

Cоветникот на принцот Мохамед бин Салман, кој е обвинет поради поврзаност со убиството на новинарот Џамал Кашоги, не е меѓу 11 осомничени за убиството на тајно судење во Ријад, иако Саудијците ветија дека ќе ги приведат одговорните за извршеното дело, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на анонимни извори.

Саудискиот јавен обвинител обвини 11 неименувани осомничени лица во ноември, вклучително петмина кои би можеле да бидат осудени на смртна казна поради наредба и извршување на злосторството.

ЦИА и некои западни служби веруваат дека престолонаследникот Мохамед бин Салман го наредил убиството, додека Саудиска Арабија негира.

Сауд ал-Катани, поранешен близок соработник на престолонаследникот, не е обвинет и не бил присутен на судењето кое почна во март, изјавиле за Ројтерс, седум извори, запознаени со судењето.

Два регионални извори од тајните служби рекле за Ројтерс неколку недели по убиството, дека Катани го надгледувал убиството на Кашоги и давал наредби преку Скајп на тимот за безбедност и разузнавачките оперативци.

Треба да знаете
Последни објави