Search

Собјанин: Во Русија можеби има повеќе случаи на заразени со коронавирус отколку што се пријавени

 – Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин денеска го предупреди рускиот претседател Владимир Путин дека актуелната бројка на заразени со коорнавирусот во земјата можеби е „значително повисока” отколку што се наведува во извештаите, јави ДПА.

Руската Влада информира за 500 заразени, од кои доминантиот број се во главниот и најголем град, Москва.

-Има значително повеќе болни, му кажал Собјанин на Путин, објаснувајќи му дека тестови се направени само за мал дел  од сомнителните случаи.

„Многу лица остануваат дома, едноставно не се тестират, изјави Собјанин на средбата во претседателската резиденација во околината на Москва, се наведува во официјалниот стенограм од средбата, пренесува германската агенција

Путин потоа посети болница во Москва, специјализирана за третирање на пациенти со коронавирус. Претседателот носеше заштитно одело и маска додеак ја разгледувал болницата, пренесе ДПА.

Треба да знаете
Последни објави