Search

Собрани донации за 358 училишни ранци и прибори за ученици во социјален ризик

Иницијативата „Септември оваа година со полн ранец” со помош на донации, обезбеди 358 училишни ранци со севкупен училишен прибор што им се доделени на ученици основци во тетовскиот регион чии семејства се во социјален ризик.

Од иницијативата велат дека годинава се собрани уште повеќе донации за разлика од лани, кога имало можност да се обезбедат 145 училишни ранци.

– Донациите со кои се обезбедени овие материјали се во вредност од 5.800 евра. Ова акција не би била возможна да се спроведе без помошта и волјата на волонтери кои се ангажираа да ги сортираат, спакуват и да ги распределат полните ранци. Исто така не би била возможна , ниту без помошта на локалните претпријатија, бизниси, кафулиња каде беа поставени кутиите за донации како и од иселениците во странство, велат претставниците од иницијативата, предводени од Рита Бехадини.

Волонтерите ги доделија донациите така што се обратија до училиштата од каде побараа листа со ученици кои имаат потреба од ваква помош.

Треба да знаете
Последни објави