Search

Собранието ќе ја продолжи седницата за ребаланс на буџетот по паузата

Претседателот на Собранието Талат Џафери веднаш на почетокот на денешното продолжение на петнаесеттата седница на барање на пратеникот Скендер Реџепи, кој е  координатор на пратеничката група на Алтернатива, даде едночасовна пауза.

Паузата Реџепи ја побара откако во процедурална забелешка реагираше дека ребалансот на Буџетот не е доставен на албански јазик, поради што како што рече пратениците Албанци нема да можат навреме да ги достават амандманите и побара да се продолжи рокот за нивно предложување

Согласно Законот за употреба на јазиците, рече тој, Предлог Буџетот треба во Собранието да биде доставен на македонски и на албански јазик, исто како што треба тоа да биде случај и со останатите закони кои доаѓаат во Собранието.

Џафери појасни дека Собранието ја врши својата работа, дека до утре ќе бидат изготвени амандманите и оти пратениците ќе имаат време да поднесат амандмани, бидејќи ребалансот на Буџетот не е денеска на дневен ред.

Собранието, поочи тој, ја завршува својата работа. Според информациите што Џафери ги имал од собраниските служби до крајот на денот ќе бидат предеведи материјалите. Тој посочи и дека нема можност да се продолжува рокот за доставување на амндманите, оти, како што рече, тоа е регулирано со деловник за работа. Имате основа, рече Џафери, за да ги изготвите амандманите и да ги доставите, а ваше е како ќе делувате.

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да го одржи продолжението на 15. седница на која на дневен ред се Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со COVID-19 во Северна Македонија, по скратена постапка.

На дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за заштита на укажувачи, на Законот за судските такси, на Законот за автокамповите и на Законот за скијалишта, сите во прво читање.

Треба да знаете
Последни објави