Search

Собранието ја почна расправата за имунитетот на Вељаноски

Пратениците ја почнаа расправата за одземање на имунитетот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, на барање на Основен суд Скопје I Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција поради постоење на основно сомнение дека е сторено кривично дело-Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

По два дена жестока дебата, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања синоќа не донесе одлука за барањето на Кривичниот суд за одобрување притвор на пратеникот и поранешен претседател на Собранието поради сомнение за вмешаност во настаните од 27 април.

Гласањето беше изедначено, односно четири гласа беа „за” и четири „против” што значи дека сега одлуката дали ќе му биде одземен пратеничкиот имунитет на Вељаноски ќе треба да ја донесе Собранието.

Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељановски следи откако тој заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во средата беа приведени на распит поради сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април. Вељаноски тогаш се повика на пратеничкиот имунитет.

Треба да знаете
Последни објави