Search

Tинејџер ја изгуби возачката дозвола по само 49 минути

Ништо не трае вечно – а оваа лекција едeн германски тинејџер ја научил на потешкиот начин, со губење на возачката дозвола само 49 минути по полагање на тестот.

18-годишното момче, кое очигледно прославувало што добило возачка дозвола, возејќи се со уште четворица пријатели, ,,летале” со речиси двојно поголема брзина од дозволената. Тој бил фатен од полицијата 49 минути откако ја зел дозволата.

Дозволата му е одземена на 4 недели и ќе мора да зема дополнителни часови зад воланот. Тинејџерот, исто така, ќе треба да плати казна од 200 евра, откако беше фатен од полицијата како вози 95 километри на час, во зона каде брзината е ограничена на 50 километри на час.

Треба да знаете
Последни објави