Search

Собранието го донесе Законот за судски совет

Со вкупно 62 гласови „за”, без ниту еден против или воздржан, пратениците попладнево, во трето читање, го донесоа Законот за судски совет на Република Северна Македонија.

Според Законот, Судскиот совет е самостоен и независен орган на судството, ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите.

Согласно членот 3 од Законот, се забранува политичко организирање и дејствување во Советот.  Членовите на Советот во вршењето на функциите на Советот не смеат да остваруваат партиска активност. Советот со својата работа оневозможува политичко влијание во судството.

Собранието претходно, во рамки на 95. седница донесе и закони кои претседателот Ѓорге Иванов претходно со указ одби да ги потпише.

Разгледани беа и неколку барања за автентични толкувања.

Треба да знаете
Последни објави