Search

Собранието ги изгласа заменик-министрите

Со 62 гласа „за“ и 44 „против“ и ниту еден „воздржан“, Собранието вечерва ги изгласа заменик-министрите на Владата по дводневна дебата.

Пратениците од опозицијата изнесоа резерви за тоа колку оваа Влада ќе може да направи и да сработи во претстојниот период, при што најмногу забелешки имаше на биографиите на сега веќе избраните заменик-министри.

Според премиерот Зоран Заев, пак, со именувањето на заменици на министрите се комплетира системот на ефикасни и силни институции со полн капацитет и легитимитет кои ќе работат на реализација на програмата на Владата, и пред сè, како што рече, во справувањето на последиците од пандемијата.

Согласно денешното гласање, за заменик-министер за одбрана е изгласан Башким Хасани, за внатрешни работи Назим Буши, за правда Агим Нухиу, за политички систем Илхан Рахман, за надворешни работи Фатмире Исаки, за финансии Димитар Ковачевски, за економија Зоран Маневски, за земјоделство Трајан Димковски, за здравство Илир Хасани, за образование Арафат Шабани, за труд и социјала Енвер Хусејин, за локална самоуправа Зоран Димитровски, за култура Седат Сулејмани…

Треба да знаете
Последни објави