Search

Соботка: Блокирањето на преговорите штети на кредибилтетот на ЕУ

Претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка истакана денеска, во пресрет на состанокот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Белград, дека секој кој ги блокира пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува европскиот курс на Западен Балкан и штети на кредибилтетот на Унијата.

Тој најави дека конференцијата ќе ја искористи за понатамошно убедување за потребата од отпочнувањето на преговорите со Скопје и Тирана.

„Јас сум уверен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, Албанија и целиот регион на Западен Балкан. Кандидатите за членството на Северна Македонија и Албанија во изминатите години направија важен напредок на патот на правното, политичкото и економското приближување кон Европската Унија. Северна Македонија стави крај на спорот за името со Грција, а покрај тоа, даде важен придонес кон помирувањето и е пример за целиот регион. Понатамошното одлагање на почетокот на преговорите би било сосема погрешен сигнал“, порача Соботка во соопштението.

ЕУ, според неговите зборови, е нецелосна без земјите од Западен Балкан.

Треба да знаете
Последни објави