Search

Соборен американски дрон во Јемен

Беспилотното летало на американската армија „МК-9“ било соборено во област југоисточно од јеменската престолнина Сана, соопштија за „Ројтерс“ анонимни американски официјални лица.

Според нив, дронот бил соборен во вечерните часови во вторникот.

Портпаролот на побунетите Хути, кои ја контролираат територијата над која беше соборен дронот, за телевизијата „Ал-Масир“ изјави дека бунтовничката противвоздушна одбрана го соборила американскиот дрон.

Треба да знаете
Последни објави