Search

Соборениот претседател на Судан префрлен во затвор во главниот град

Соборениот претседател на Судан, Омар ал Башир, беше префрлен во затворот Кобар во главниот град на Картум, објави Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори од неговото семејство.

Башир од синоќа е под строг надзор во самица, велат од затворот.

Минатиот четврток, по неколкумесечните протести, суданската армија го собори Омар ал Башир, кој владееше со Судан од 1989 година и формираше воен совет кој ќе владее со земјата во преоден период од најмногу две години.

На чело на советот првично беше назначен министерот за одбрана Ахмед Авад Ибн Ауф, кој, пак, поднесе оставка еден ден подоцна, па наместо него беше назначен генералот Абделфатах Бурхан.

Треба да знаете
Последни објави