Search

Собир на млади екологисти во Кавадарци 

Во организација на мрежата на младите при ДЕМ денеска во Кавадарци се одржа Собир на млади екологисти од целата држава.

Симона Гетова од Валандово, во изјава за МИА рече дека станува збор за мрежа која работи на еколошки, економски и социјални правдини.

-Сакаме да ја направиме поврзаноста помеѓу неправдите кои се случуваат во нашиот социо економски општествен живот, со неправдите кои се случуваат кон природата. Зборуваме за сите тие проблеми и како да се мобилизираме повеќе за да ги решаваме, нагласи таа.

Се разговара за сите локални проблеми со кои се соочуваат младите од целата земја и како да се надминуваат тие проблеми. Учествуваат членови на локални организации кои се дел од мрежата на Движењето на екологисти, но и поединци активисти кои се залагаат за почиста и поздрава животна средина.

Треба да знаете
Последни објави