Search

СНС на Вучиќ и СПС на Дачиќ на парламентарните избори ќе одат одделно

И покрај тоа што пролетните парламентарни и локални избори во Србија сеуште не се распишани, владечката коалиција на Српската напредна партија (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) се договори на претстојните парламентарни избори да излезат одделно, јави дописникот на МИА од Белград.

Ваквиот договор е постигнат денес на состанок на претставниците на двете партии, изјави потпретседателот на СНС, Милош Вучевиќ, кој додаде дека не го исклучува заедничкиот настап на двете партии на некои места на локолно ниво.

Претседателот на СПС, Ивица Дачиќ, неодамна изјави дека ќе продолжи да разговара со лидерот на СНС и претседател на Србија, Александар Вучиќ, за настапот на претстојните избори.

-Без оглед на тоа како ќе излеземе на изборите, нашата идеја е да ја продолжиме соработката со Александар Вучиќ и СНС, затоа што најголем интерес на Србија е да се развие, да ја зајакне нејзината позиција и да има единство во тешките времиња што претстојат, кажа Дачиќ на прес-конференцијата по повод одбележувањето на 30 годишнината на СПС.

-На глобално ниво, му предложивме на Александар Вучиќ да размисли дека, доколку има потреба, а ние сме подготвени за тоа, да треба да одиме со заедничка листа (со СНС), со оглед на тежината на проблемите со кои се соочуваме како земја, изјави српскиот шеф на дипломатијата.

Престојните парламентарни и лoкални избори во Србија, како што изјави претседателот Вучиќ, треба да се одржат на 26 април, и истите, според медиумите треба да бидат распишани на почетокот од идниот месец.

Во Србија, покрај прогласениот бојкот на опозицијските партии од коалицијата Сојуз за Србија,во тек се разговори во останатите партии дали и со кого ќе излезат на локалните изборите, меѓу кои има и партии на опозицијата и дали ќе ги бојкотираат парламентарните избори.

Треба да знаете
Последни објави