Search

Сноуден се согласи да и предаде пет милиони долари на американската влада

Едвард Сноуден, поранешен член на Агенцијата за национална безбедност, се согласи заработката од продажбата на неговата книга да ја предаде на американската влада.

Сноуден, кого го бараат во САД поради откривање на најдоверливи податоци на американските тајни служби, се согласи да и предаде дури пет милиони долари на владата.

Во 2013 година, Сноуден го шокираше светот кога му откри на човештвото дека американската влада тајно собира податоци за секој телефонски повик, порака и имејл. Тој моментално е во Русија.

Минатата година Сноуден ја објави книгата „Трајно забележано“ и со тоа го прекрши договорот што го склучи со ЦИА и Американската агенција за национална безбедност. Во книгата од која заработи повеќе милиони долари, тој открива како американската влада создала систем на масовно следење.

Ова не е прв пат американската влада да казни поранешни вработени за неовластено протекување информации.

Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност, кој објави книга за претседателот Доналд Трамп, се соочува со сличен обид на Министерството за правда да ја поврати заработката од објавувањето и продажбата на книгата.

Адвокатот на поранешниот соработник на НСА рече дека договорот склучен помеѓу Сноуден и судот не значи дека американската влада може веднаш да му ги одземе парите, бидејќи тој ја разгледува жалбата против претходната одлука на судот за одговорност за објавување на книгата, пишува „Си-ен-ен“.

Треба да знаете
Последни објави