Search

Снимка од несреќата на српскиот рапер Гру (видео)

Снимка од несреќата на српскиот рапер Гру

Српскиот рапер Далибор Андонов, познат под уметничкото име Гру, загина вчера во близина на Наутичкиот клуб „Земун“, откако при параглајдерство паднал во вода.

Еден случаен минувач мисли дека вчера сосема случајно го снимил последното возење со кајт на српскиот рапер Гру, пред тој трагично да настрада.

„Мислам дека денеска, сосема случајно, го снимив починатиот Гру како вози кајт на Дунав кај Земун! Господ да му ја прости душата“,стои  во коментарот на снимката.

https://www.facebook.com/585174541/videos/10156730401829542/?id=585174541

Според очевидец ветарот бил причината за несреќата, а раперот за време од неколку секунди потонал во водата и му немало спас.

„Гру возеше по Дунав. Беше во водата кога невремето започна. Немаше контрола и кајтот му падна во „loop“ (состојба на неконтролирано движење“. Не успеа да се одврзе. Веднаш беше готов“ тврди сведок.

Телото на раперот неколку часа било во чамецот на брегот, а полицијата направила увид.

Тој зад себе ја остави сопругата Даница и две деца, синовите Вук и Реља.

Треба да знаете
Последни објави