Search

Снимени китови во Јадранското Море (ВИДЕО)

Томислав Цопиќ и Марин Ножина во Јадранското Море со мобилни телефони снимиле китови како пливаат.

„Денес околу 11 часот додека рибарев видов китови. Тогаш бевме негде околу три наутички милји од шибенска Рогозница“, изјави младиот жител на Сплит Марин Ножина за Далматински портал.

Како што вели, реакцијата била сензационална, бидејќи никогаш не видел китови во живо, а не пак на толку мала одалеченост.

„Кога китот ќе излезе од морето личи на шлепер. Тогаш сфаќате колку сме ние луѓето мали“, додава Ножина.

Треба да знаете
Последни објави