Search

Снежно невреме во САД, за само неколку часа откажани повеќе од 800 летови

Снежно невреме зафати повеќе делови од САД, па сообраќајот на одредени патишта е блокиран и има огромен метеж.

Чикаго во текот на ноќта, како што пишуваат тамошните медиуми, побеле со околу 30 сантиметри снежна покривка, а на аеродромот О’Хер во Чикаго досега има наврнато околу 19 сантиметри снег, додека на аеродромот Мидвеј има измерено 12,5 сантиметри снег, објави АП. Поради невремето, од полноќ до раните утрински часови откажани се 809 летови, а во неделата, пак, беа откажани 700 летови.

На Мидвеј, од полноќ до сега се откажани 69 летови, додека 123 беа откажани во неделата.Снежната бура, исто така, зафати и делови од Мичиген, што довело до отежнати услови за возење. Полицијата морала да одговори на десетици несреќи што се случија во Мичиген.

Официјалните лица предупредија дека патиштата се замрзнати и покриени со снег и апелираа до населението да не вози без потреба. Гувернерот на Канзас, Џеф Колиер, во неделата прогласи вонредна состојба бидејќи во некои делови на земјата нападнал и повеќе од 36 сантиметри снег. Неколку патишта останаа затворени во понеделникот, и тоа најмногу во североисточниот дел.

Треба да знаете
Последни објави