Search

Снег го парализираше Киев, регистрирани дури 50 сообраќајни незгоди

Првиот снег во Киев годинава предизвикал голем број на сообраќајни незгоди во главниот град на Украина, што довело до голем метеж на улиците.

Според украинската агенција, „Униан“ која се повикува на повеќе извори, низ украинската престолнина се пријавени околу 50 сообраќајни незгоди.

Агенцијата констатира дека жителите на Киев не биле подготвени за првиот снег и покрај предупредувањата на метеоролозите.

Метежот во сообраќајот го парализирал градот, а на некои места брзината со која се движeле автомобилите не надминувала пет километри на час.

Снегот во Киев почна да паѓа утрово околу 9.30 часот по локално време, додава агенција.

Треба да знаете
Последни објави