Search

Снег врне на Попова Шапка, Маврово и во Крушево

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне на Попова Шапка, Маврово, Крушево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави