Search

Снегот предизвика хаос во делови од Австрија

Првите обилни снежни врнежи предизвикаа хаос во делови од Австрија, во покраините Корушка, Тирол, Салцбург.

Училиштата во Корушка се затворени поради обилните снежни врнеж, а 1.000 домаќинства во регионот останале без струја.

Исто така повеќе патишта во Корушка се затворени за сообраќај поради паднатите дрвја на автопатот.

Врнежите од снег влијаат негативно врз железничкиот сообраќај, кој е запрен помеѓу Шладминг и Гребминг.

Во текот на ноќта паднале повеќе од 70 сантиметри снег во западниот дел на Австрија.

Треба да знаете
Последни објави