Search

Смилевски: Проектите во општина Бутел немаше да ги реализираме без поддршката од жителите

Велимир Смилевски, градоначалникот на скопската општина Бутел за 24 инфо вели дека реализацијата на планираното немало да биде успешна, доколу ја немал поддршката од жителите, централната власт и тимот со кој работи. За изминатите две години реализирани се повеќе проекти од инфраструктурата, комунални дејности, образование, социјална заштита и останати дејности каде што општината има надлежност. Политичкиот ангажман и дополнителните обврски, бараат големи и сериозни отстапки за штета на приватниот живот. За себе вели дека подолго време е дел од политиката и се надева дека во иднина ќе има повеќе време, кое ќе го искористи со семејството.

Две години откако сте на функцијата градоначалник. Што беше планирано за овој период, а што е остварено?

-Позади нас стојат две успешни години, полни со предизвици, динамична работа и градежни активности. Реализацијата немаше да биде успешна, доколу ја немав поддршката од жителите, централната власт и тимот со кој работам.  Имајќи во предвид дека општината ја затекнавме без готови проекти, програми и демотивирана администрација, полека но сигурно застануваме на здрави нозе со чисти визии за иднината на општината. Реализирани се повеќе проекти од инфраструктурата, комунални дејности, образование, социјална заштита и останати дејности каде што општината има надлежност.

Како дел од реализираните проекти во делот на инфраструктурата издвојувам:

-Реконструкција на дел од стар Качанички пат, со должина од 250 м2 кој опфаќа 150 стопански субјекти а, последен пат биле реализирани во 2012 година. Реконстгруирана е улицата Рокомија,  со должина од 290м2, опфаќа 850 жители кој за последен пат бил реализиран во 1998 година.

Изградени се решетки за регулирање на атмосферски води- Љуботенски пат- Љуботенски пат со должина од 50м2 кој опфаќа 700 жители и се реализира по прв пат. Во тек е изградба на пешачка патека спроти Кам Маркет во Скопје – Север и пешачка патека позади кулите 1 и 3 исто така во Скопје – Север.

Отпочната е изградба на инклузивно игралиште во ООУ “ Живко Брајковски” кое е прво вакво училиште на територијата на општина Бутел, со капацитет од  795 ученици.

Исто така, изграден е кракот 5,6,7 во Визбегово и многу други проекти кои се дел од нашата програма. Во делот на проекти за подобра енергетска согласност, во целост се реконструирани ходниците и променети се вратите во ООУ Петар Здравковски –Пенко.Реновирани се ООУ Панајот Гиновски во маселбата Бутел 2 и ООУ Ацо Шопов во населбата Радишани. Со цел подобра енергетска ефикасност во ООУ П.З.Пенко  реновирана е фискултурната сала и променети се прозорците. Во училиштето “Климент Охриски” се изврши промена на 73 прозорци, 570 м2 ламинатен под  и отворени се 23 прозорци на вратите на училниците.Со цел подобра енергетска согласност реконструиран е стариот дел од градинката во населба Радишани.

Во придонес напочиста и поздрава животна средина Општина Бутел во изминатиов период организираше повеќе акции за расчистување на дивите депонии. Одржани се денови на екологијата, засадени се повеќе од 25 јасенови дрва во дворот на ООУ Живко Брајковск и набавена е машина за чистење на улиците- метларка во износ од 3.657,701,00 денари.

Каква е соработката со централната власт?

-Можам да кажам дека имаме интезивната соработка со централната власт која ни  овозможува да ги поместиме работите да се движат напред и со побрз развој.

Оваа ценртална власт интензивно се залага да ја  комплетира  децентрализацијата, наметнува поинтезивна и попродуктивна соработка со нас единиците на локалната самоуправа, која е во полза на граѓаните. Исто така, би сакал да напоменам дека работиме на неколку проекти во сорабаотка со Владата на Р.С.М каде имаме и финансиска поддршка. Еден од проектите за кои имаме поддршка е и изградбата на патот Бутел до с. Љуботен со должина од 6 км. Изградбата на патот чини 12.965,528,00 денари.

– Колку новите обврски ви оставаат простор за приватниот живот? 

За жал, многу малку време, или воопшто го немам. Политичкиот ангажман и дополнителните обврски, бараат големи и сериозни отстапки за штета на приватниот живот.  Но јас подолго време сум дел од политиката и за мене ова не е ништо ново и непознато. Се надевам дека во иднина ќе имам повеќе време, кое ќе го искористам со семејството.

Што им ветувате на граѓаните за следниот период и дали ќе се кандидирате на следните избори?

Во периодот кој следи предвидени се бројни проекти, кои во мементов можам да ги издвојам следните.Изградба на краците на улици во населба Визбегово ( крак од улица 3 до ново планираното училиште и крак од улица 4 и рехабилитација на улица 4 исто така во Визбегово.

Во план е изградба на решетки за регулирање на атмосферски води на Љуботенски пат и изградба на водоводна мрежа и  фекална канализација од улица 3 до новопроектираното училиште во с.Визбегово. За мене прво и најважно е да го исполниме веќе ветеното во периодот кои следи.

Убеден сум дека со крајот на мандатот ќе имаме висок процент на реализацијата од ветените проекти, а тоа ќе биде дополнителен мотив за да размислам за повторна кандитатура на следните избори.

Валентина Ангеловска

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави