Search

Смилевски: Почна есенското чистење во Бутел

Смилевски: Почна есенското чистење во Бутел

Екипи на јавните градски претпријатија ,,Комунална Хигиена,, и ,,Паркови и зеленило,, ја започнаа тридневната акција за чистење на улиците и тротоарите, косење на тревата на јавните површини, кастрење на сувите гранки од дрвјата и др. Од паркови и зеленило беше донесена и огромна корпа за хортикултурно уредување на зеленилото кај кружниот тек.Заради топлото време ќе се почека со садењето на зимските цвеќиња на кои им се потребни пониски температури.

Изразив задоволство за стартот на оваа акција за чистење на Општина Бутел,која ќе трае три дена.

Исто така,се договоривме со директорите на јавните претпријатија да се среди просторот долж улица “Цетињска” ,кај старите напуштени отпади рече Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски.

Треба да знаете
Последни објави