Search

Смилевски: Визбегово ќе добие она што им недостигаше на граѓаните во изминатиот период

Смилевски: Визбегово ќе добие она што им недостигаше на граѓаните во изминатиот период

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ја завршија посетата на индустриската зона Визбегово. Беше истакнато дека продолжуваат подготовките за инфраструктурно обновување на зоната. Имено, набрзо ќе уследи изградбата на фекалната канализација и обнова на водоводната мрежа за што министерството за транспорт и врски би вложило околу 7 милиони евра.

Министерот и градоначалникот ја посетија и улицата ,,3,, во Визбегово каде што треба да продолжи асфалтирањето на нејзините краци 1 и 2 во вкупна должина од 540 м. и широчина од 3,5 м.

Претходно е завршена првата фаза за реконструкција на краците во која се превземени неколки градежни операции како комплетно ведење на долниот слој на улицата, тампонирање и нивелирање.

Откако ќе заврши асфалтирањето на краците 1 и 2 ќе биде асфалтиран и третиот крак на улицата ,,3,, во должина од 190 м.

Изведувач на работите е ГП ,,Ескаватори,, од Скопје.

Средствата за асфалтирање на првите два крака на улицата ,,3,, се во висина од 1 814 474,00 ден. и се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

Почнува да се гради и улицата „3/1“ во должина од 710 метри, со што ја почнуваме инвазијата во Визбегово околу урбанизирање и асфалтирање. Досега од почетокот на нашиот мандат изградивме околу илјада метри. Со тоа сметам дека  Визбегово ќе го добие она што им недостигаше на граѓаните во изминатиот период за повторно да се вратат тука, рече Смилевски.

Треба да знаете
Последни објави