Search

Смилевска: Не е исто кога зборуваме за минимална плата од 9.000 и 12.500 денари,денес сите работници во сите индустрии се на ист ранг

Заборавате дека, оваа Влада ја доведе државата на самиот праг на преговори за влез во Европската унија, а  во каква состојба беше државата кога дојде на власт. Како не гледаше меѓународната заедница, како заробена и изолирана држава, заборавивте да кажете и како граѓаните се чувствуваа, дали се чувствуваа слободно и моќно со своите лични примања.- реплицираше  пратеничката на  СДСМ Кети Смилевска на обраќањето на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истакна дека токму ако граѓаните имаат добар стандард тоа значи и дека економијата во државата е стабилна и силна. Воопшто не е исто кога зборуваме за минимална плата од 9.000 денари и од 12.500 денари или ако размислуваме за повисока минимална плата. Оваа влада успеа да ги изедначи минималните плати во сите сектори и ги постави сите вработени на ист ранг.-порача Смилевска.

Ако зборуваме за Светска банка, нашиот раст е препознаен и во последниот извештај е нотирана потребата од  зголемување на  минималната плата, а воедно е поддржано  и субвенционирањето на придонесите.- истакна Смилевска

Таа посочи дека за прв пат јавниот долг беше намален во 2018 година, како и дека беше вратен долгот за Филхармонијата како непродуктивен трошок за кои бевме задолжени од страна на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година.

Смилевска ги посочи наследените обврски и долгови направени од страна на ВМРО-ДПМНЕ како 155 милиони евра околу кредитирање, 270 милиони евра за ерообврзница од која што 1/3 веќе е  вратена и  500 милиони евра долг од претходните години.

Треба да знаете
Последни објави