Search

Сменти двајца високи кинески функционери поради коронавирусот

Кинеската Комунистичка партија ги смени своите највисоки функционери во провинцијата Хубеи и нејзиниот главен град Вухан.
Како што јавува кинеската новинска агенција „Синхуа“, местото генерален секретар на Комитетот на партијата за Хубеи го презема градоначалникот на Шангај, Јинг Јонг, додека на тоа место во Вухан ќе дојде Ванг Жонглин, пренесува АП.

Ова се нови во низата отпуштања на високи функционери, откако оваа недела беа сменети двајца високи претставници на локалната здравствена комисија.

Државните кинески медиуми пренесуваат дека поради грешки во постапувањето за време на епидемијата на новиот вирус, се очекува голем број функционери да бидат исфрлени од Комунистичката партија, по бројните критики во јавноста на сметка на локалните власти.

Треба да знаете
Последни објави