Search

Службеник во Амбасадата на САД во Москва носел бомба на аеродром

Службеник во американската Амбасада во Москва се обидел да влезе на аеродромот Шереметје носејќи бомба со осигурувач во багажот, но без експлозив.

Извор од руското министерство за надворешни работи, за новинската агенција „ТАСС“ изјавил дека персоналот на аеродромот го скенирал багажот на службеникот во Амбасадата на САД и откриле предмет кој изгледал како бомба. Потоа биле повикани техничари кои потврдиле дека се работи за бомба со осигурувач, но без експлозив, иако во телото на бомбата имало траги од експлозив.

Аеродромската полиција веднаш ја известила американската Амбасада за инцидентот. Службеникот изјавил дека си заминува од Русија затоа што му завршил мандатот во американската Амбасада и тврдел дека бомбата ја купил за своја лична колекција. Бомбата му била одземена, а тој заминал за Њујорк.

Треба да знаете
Последни објави