Search

Слоновите во Боцвана необјасниво умираат, властите збунети

Властите во Боцвана ја истражуваат мистериозната смрт на слоновите во земјата откако неделава во регионот на делтата Окаванга беа откриени околу 12 трупа, пренесува „Спутник“.

Одуетсе Кобото, вршител на должноста постојан секретар во Министерството за животна средина, конзервација на природни ресурси и туризам во земјата, рече дека ветеринарните службеници веќе ја отфрлиле можноста за ловокрадство поради фактот дека сите трупови на слоновите биле пронајдени недопрени.

„Прелиминарните испитувања во врска со причината за смртта се во тек и се спроведуваат операции за набљудување за да се пронајдат повеќе мртви слонови“, велат од  Министерството.

„Блумберг“ истакнува дека во март биле откриени 44 мртви слонови во земјата.И во октомври 2019 година, околу 100 слона во Боцвана биле пронајдени мртви поради можна појава на антракс. Боцвана може да се пофали со најголема заедница на слонови во светот со повеќе од 135.000 слона.

Минатата година, Боцвана ја укина забраната за лов на слонови, а овој февруари земјата на аукција продаде седум лиценци за лов на слонови, но сезоната на лов, што требаше да се отвори во април, е ставена во мирување поради кризата со коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави