Search

Словенија ќе го ратификува Пристапниот протокол за НАТО

Словенија денеска се очекува на вонредна седница во Парламентот да го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Со тоа, Словенија ќе биде втората земја-членка на Алијансата која по Грција ќе го ратификува Пристапниот протокол во НАТО.

Законот за ратификација на Протоколот вчера доби зелено светло од парламентарната Комисија за надворешна политика во словенечкиот Парламент.

На седницата во Државниот збор се очекува да присуствува и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, кој престојува во официјална посета на Словенија.

Според најавите од Албанија, в четврток Пристапниот протокол треба да биде ратификуван и од албанскиот Парламент. Албанските медиуми јавија дека Протоколот за членство на Македонија во НАТО веќе добил зелено светло од Законодавно парламентарната комисија и оти во четврток е закажана седница на Парламентот.

Треба да знаете
Последни објави