Search

Словенија ќе вложи четири милиони евра за усовршување на образованието на далечина

Словенија ќе вложи четири милиони евра во подобрувањето и усовршувањето на образованието на далечина односно неговата дигитализација. Како што соопшти словенечкото Министерството за образование, парите ќе бидат потрошен пред се за подобрување на информатичката инфраструктура и набавка на 4.220 компјутери за сите оние кои немаат или не се во финансиска можност да купат.

Поради епидемијата со новиот коронавирусот во земјата беа затворени сите училишта и факултети, а образовниот процес продолжи преку интернет видео врска меѓу учениците и наставниците односно студентите и професорите.

Средства за реализација на овие проекти Словенија го доби од Европска Унија.

Треба да знаете
Последни објави