Search

Словенија со бројки од над 500 заболени го враќа полицискиот час

Во последните 24 часа во Словенија биле тестирани 2.637 лица, од кои 537 биле позитивни на коронавирус, односно 20,4 проценти од испитаните, објави денеска Националниот институт за јавно здравје. Владата на Словенија синоќа повторно прогласи епидемија, а министерот за внатрешни работи денеска изјави дека од вторник во Словенија ќе биде воведен полициски час, кој ќе трае од 21 до 6 часот наутро.

Како што се наведува, во болница се примени 289 лица, од кои 55 се на одделот за интензивна нега.

Ситуацијата во регионите Приморско-Нотрањска и Горишка се влоши, но сè уште не е решено да се стават на црвената листа на карантински региони.

Словенечката влада денес треба да разгледа нови мерки, а портпаролот Јелко Кацин вели дека бројот на пациенти е зголемен во некои делови на земјата, како и дека некои од новите мерки може да бидат воведување карантин од 21 до 6 часот наутро и забрана за собирање повеќе од шест лица. Како што рече, ниту една земја во Европа повеќе не е зелена.

Претседателот Борут Пахор се очекува вечерва да им се обрати на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави