Search

Словенија предлага заеднички патроли на границата со Италија

Словенечкиот министер за надворешни работи, Миро Церар денеска изјави дека на италијанскиот колега Енцо Моверо Миланези му предложил Италија и Словенија да формираат заеднички патроли за контрола на илегалната миграција на границата.

– Нелегалните премини треба да се спречат колку што е можно поскоро и на тој начин да се даде јасен сигнал на криминалците кои сериозно ја поттикнуваат таквата нелегална миграција, рече Церар по состанокот со Миланези во Брисел, на маргините на средбата на шефовите на дипломатиите на ЕУ.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, италијанскиот министер позитивно ја примил иницијативата и двајцата се договориле да ја пренесат идејата на министрите за внатрешни работи, со цел и тие да ја разгледаат.

– Прашањето за безбедноста и миграцијата во ЕУ треба да се реши заеднички, така што шенгенската контрола би била непотребна, рече шефот на словенечката дипломатија.

Треба да знаете
Последни објави