Search

Словенија, по банкротот на Адриа Ервејс, преговара за нов национален авиопревозник

Словенечката Влада преговара со германската компанија „Луфтханза” и операторот на Франкфуртскиот аеродром „Фрапорт” за продажба на одредени авио-рути на словенечката компанија „Адриа ервејс”, која прогласи банкрот на крајот на септември.

Словенечкиот министер за економски развој и технологија Здравко Почивашек рече дека половина од рутите може да се доделат на Луфтханза и дека моментално се преговара со најголемата авио-компанија за формирање нов национален оператор.
Тој оцени дека новонастанатата авиокомпанија „Ер Словенија” би можела да почне со работа кон крајот на февруари 2020 година со флота од десет до 12 авиони и да сообраќа на 15 дестинации.
Од друга страна, министерот Почивашек предупреди дека процесот може да потрае некое време и дека за  него е потребен политички консензус во земјата.
Владата во Словенија во меѓувреме предложи закон со кој ќе се овозможи субвенционирање на некои поважни авио-рути, за кој ќе се расправа во Парламентот во текот на следните месеци.
„Адриа Ервејс”, по 58 години постоење, поднесе барање за отворање стечајна постапка пред Врховниот суд во Крањ, бидејќи не успеа да обезбеди дополнителни средства за да продолжи со работа.
Треба да знаете
Последни објави