Search

Словенија помошта ја доставила преку механизам на ЕУ, заслугата не е на Мицкоски

Министерство за одбрана на Република Словенија на официјалниот сајт  објави информација дека вчера, со специјален лет е доставена хуманитарна помош за Македонија преку механизамот на ЕУ со цел спречување на пирењето на болеста.

-Со тоа, Словенија во духот на меѓусебна солидарност се одзва на барањето на Северна Македонија, за хуманитарна помош преку механизмот на Европска Унија во рамки на цивилната заштита со цел спречување на ширење на болеста КОВИД 19, се вели во официјалната информација на МО на Словенија, стои на официјалниот сајт на Министерството за одбрана на Словенија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вечра пак на Фејсбук објави дека во вторникот зборувал со словенечкиот премиер, Јанез Јанша и дека тој му ветил помош во борбата против корона вирусот, па заслугата за помошта од Словенија си ја препиша себеси.

Треба да знаете
Последни објави