Search

Словенија не планира да воведе задолжителна вакцинација

Поради надолниот тренд на четвртиот бран на епидемијата, кој трае веќе десетина дена, Словенија не размислува за воведување задолжителна вакцинација, за што во последните денови одлучија неколку земји во Европа со поголем процент на имунизирани отколку Словенија.

„Точно, имаше такви идеи и порано, но сега веруваме дека во ситуацијата што ја имаме треба да продолжиме со постоечките мерки“, изјави главниот инфектолог во владиниот совет за ковид, Бојана Беовиќ.

Според неа, епидемиолошката состојба во Словенија се смирува, а добри се шансите за натамошно смирување до претстојните празници.

„Во Словенија, пак, проблемот е што луѓето слабо разбираат колку е важно да се вакцинираат, така што процентот на вакцинирани речиси застанал на нешто повеќе од 54 проценти. Затоа задолжителната вакцинација всушност би предизвикала дополнителен отпор во јавноста“, смета Беовиќ.

Во Словенија во моментов владата не предвидува дополнителни ограничувања или каранти за невакцинираните, бидејќи сè уште е можен негативен тест за работа и други активности, покрај вакцинација или прележување на болеста.

„ Значи, ние всушност живееме речиси нормален живот. Ако ситуацијата е уште подобра до празниците во болниците, каде што има уште многу пациенти, би можеле да размислиме за укинување на некои ограничувања“, рече Беовиќ, предупредувајќи дека тоа може да биде премногу ризично, бидејќи сè уште има многу невакцинирани луѓе.

Словенечката влада денеска соопшти дека во претходните 24 часа биле потврдени 2.257 новозаразени лица, при што 32,4 отсто од тестовите биле позитивни, а уште 16 лица починале како последица на болеста.

Треба да знаете
Последни објави