Search

Словенија на 23 март ќе го лансира својот прв сателит во вселената

Првиот словенечки сателит ќе биде лансиран во вселената на 23 март, објавија Универзитетот во Марибор и научно-технолошкиот центар „Весоље-СИ“. Наречен „Трисат и Немо ХД“, тој бил на последниот технички преглед во Брно минатата недела, каде што биле дополнети неговите батерии, имајќи предвид дека лансирањето беше одложено за седум месеци.
Сателитетот ќе биде лансиран на ракета „вега“ од Француска Гвајана, објави словенечката агенција СТА.
Микросателитот „Немо ХД“ е развиен од словенечки инженери, при што 85% од средствата биле добиени од Европската Унија. Тој има тежина од 65 килограми и ќе биде дел од европскиот систем „Коперникус“, а ќе собира свои податоци за потребите на урбанизам, екологија, замјоделство, шумарство и транспорт.
Во развојот на сателитот досега биле вложени 2,3 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави