Search

Словенија и предлага на Австрија заеднички патроли на границата

Словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар им предложи на своите австриски колеги да се воспостават мешовити полициски патроли на границата, истакнувајќи дека Словенија добро ја штити шенгенската граница кон Хрватска.

Словенија смета дека здружените патроли, воспоставени пред два месеци на границата со Италија, може да ја мотивираат Австрија да се откаже од засилените гранични контроли на границата со Словенија. Овие контроли беа воведени во времето на најголемата миграциска криза во 2015 година и постојано се продолжуваат, што и пречи на Словенија.

,,Словенија има добра контрола врз надворешната граница на Шенгенот со Хрватска, а австриската засилена контрола на нашата меѓусебна граница има негативно влијание врз населението на двете држави, предизвикувајќи економска штета и многу километри сообраќаен метеж”, рече Поклукар.

Треба да знаете
Последни објави