Search

Словенија евидентира 1.789 заразени лица од коронавирусот

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.798 нови случаи на коронавирус од 6.368 теста, а 23 лица починаа, објави словенечката влада. Според новите официјални податоци, бројот на вкупно потврдени инфекции од почетокот на епидемијата се зголеми на 32.503, а во моментот се активни 20.980 случаи, објави Министерството за здравство.

Сè уште постои загрижувачко зголемување на бројот на пациенти во болниците и оние со посериозна состојба, така што во моментот се хоспитализирани 703 пациенти, од кои 122 се на одделите за интензивна нега.

Бројот на активни случаи, како и бројот на луѓе во болниците, е најголем досега.

Бројот на смртни случаи за еден ден е најголем досега, а бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата се искачи на 315.

Треба да знаете
Последни објави