Search

Словенија: Дополнителен број војници испратени на границата со Италија како помош за полицијата

Словенечката армија распореди денеска дополнителни 35 војници да и помогнат на полицијата за зачувување на границата со Италија.

Дополнителните сили ќе работат со полициската управа на Копер, а војниците ќе користат опрема за надзор и оклопни возила. Според претставник на армијата, со тоа вкупниот број војници на јужната граница се зголеми на 130.

На војниците им е дозволено да ги бранат полициските службеници ако се нападнати.

На подрачјето на Копер во изминатите недели е регистриран зголемен број мигранти.  Во почетокот на овој месец беа воведени заеднички единици на словенечката и италијанската полиција заради спречување илегални миграции на границата со Италија.

Треба да знаете
Последни објави